ФОТО: Бидете свои, бидете храбри како и секогаш- Фудбалерите испратени со стар обичај за среќа

 

Македонската фудбалска репрезентација денес со чартер-лет патува за Букурешт каде ќе настапи на Европското првенство.

Натпреварот со Австрија е во недела на 13 јуни, прв за националниот тим на континеталниот шампионат.

Нашите репрезентативци утринава се одјавија од хотелот и заминаа за скопскиот аеродром од каде ќе полетаат за Букурешт.

Откако сите се сместија во автобусот и тргнаа, за среќа и лесно Европско им беше истурена вода, според стариот обичај.

08.06.2021 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега