(ФОТО) Доби 40 години затворска казна откако ја уби српската пејачка, а сите се запрепастија кога дознаа каде отиде по пресудата

 

Зоран Марјановиќ денес е осуден на 40 години затвор за убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена. Нему му е врачено решението, но место дирекно во затвор, тој е пуштен.

Марјановиќ не отиде во Централниот затвор откако беше осуден на максимална казна.

Осудениот, Зоран Марјановиќ по пресудата ја напушти судницата со братот, синот и девојката Зорица и отиде во локално кафуле, иако беше најавено дека требало да оди директно во Централниот затвор. Нему му е врачено решение, но е ослободен, не е директно уапсен, пренесуваат српските медиуми.

Ова никогаш досега не се случило, бидејќи Зоран не отишол во притвор, туку се одложува“, наведуваат медиумите.

Адвокатите на Зоран Марјановиќ во знак на протест го напуштија судењето, а потоа пристигнаа во студиото на Телевизија Курир, каде ја коментираа пресудата. Во еден момент телевизија Курир се вклучи во живо пред Палатата на правдата, каде Зоран беше прикажан како ја напушта судницата и оди во блиското кафуле.

22.07.2022 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега