ФОТО: Кејт Мидлтон во едноставен, но тренди костим со впечатлива боја

Кејт Мидлтон носеше едно од омилените парчиња облека, елегантен костим во фантастична боја.

Кејт Милдтон денеска продолжи со исполнување на важната цел, залагање за поддршка на раниот развој на децата.

Заедно со The Royal Foundation Center таа го организираше настанот The Shaping Us National Symposium во Лондон каде се појави во одлично модно издание.

Виолетовата боја е бојата на кралскиот моден стил. Кејт Мидлтон носеше едно од омилените парчиња облека, елегантен костим во фантастична боја.

Изгледот го потполни со накит со прекрасни камени детали во мастило сина боја, како и едноставни чевли со високи потпетици кои исто така се заштитен знак на нејзиниот стил на облекување.

При изборот на костими, Кејт Милдтон претпочита најголема можна едноставност и модели во една боја.

На настан во The Design Museum, таа потврди дека костимите се нејзиниот главен избор за секојдневните свечени активности, додека за вечерните прилики знае да се одлучи за исклучително впечатливи фустани.

15.11.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега