(ФОТО) Кошула, сако и патики - Ковачевски стигна во Белград, па се прошета со Вучиќ и Брнабиќ
Премиерот Димитар Ковачевски пристигна во Белград, не губеше време и веднаш прошета низ градот заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Вучиќ веднаш објави неколку фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а на „стори“ го означи и нашиот премиер.
Но, вниманието на јавноста го привлече стајлингот на премиерот. Тој е облечен во кошула и сако, но изгледот го комбинирал со спортски патики.
„Српскиот претседател и премиерката Брнабиќ се облечени полежерно, односно не носат формална облека. Велат дека при добра прошетка се прават најдобри планови и се водат најпријатните разговори. Додека со гордост му покажувам на мојот пријател Димитар Ковачевски колку се изградил Белград, разменуваме мислења за проширувањето на иницијативата ОтворенБалкан, ЕУ патот на нашиот регион, положбата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката карта на Европа и светот, но и за плановите за претстојните состаноци и нови проекти за поврзување“, напиша претседателот Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи три фотографии со Ковачевски и Брнабиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа