ФОТО: Наоми Кембел во прв план на модната недела во Париз, еве како прошета на пистата
Наоми Кембел е добро познато лице во светот на модата, а изгледа дека одбива да се повлече од тронот на манекенската сцена и доминира повеќе од триесет години со нејзиното непогрешливо одење.
Традиционалната модна недела се „префрли“ во градот на светлината и љубовта, а Париз деновиве е главното собиралиште на најголемите имиња од модната сцена.
Манекенката прошета за контроверзниот бренд „Торишеја“ кој презентираше креации во трите најдоминантни бои – црна, бела и црвена.
Необичните кроеви и материјали не можеа да останат незабележани.
Наоми носеше црни панталони и широка црна јакна која го откри нејзиниот совршено рамен стомак.
На 53 години покажа неверојатна фигура и им даде мотив на сите мајки да ги остварат своите професионални соништа во секој момент од животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа