Путин не планира да присуствува на погребот на папата Франциско

 


Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на папата Франциско, јавуваат медиумите повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот нема такви планови“, изјави Песков за новинарите, според агенцијата, додавајќи дека сè уште не е донесена одлука за тоа кој ќе ја претставува Русија на испраќањето во Ватикан.

Путин последен пат го посети папата Франциско во Ватикан во јули 2019 година.

Телото на папата Франциско ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар во среда наутро во 9 часот, соопшти Ватикан.


Неговото тело моментално е положено во ковчег во капелата на Каза Санта Марта, каде што живеел за време на неговото 12-годишно папство.

Ватикан денеска соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Мајор во Рим.


На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

22.04.2025 - 17:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега