ФОТО: Ова е убиецот од Босна - Ја задави сопругата и малолетниот син
Емир Селимовиќ кој е осомничен дека ги убил својата сопруга Инела Селимовиќ и нивниот 13-годишен син во нивниот стан во Калесија, изведен е денеска пред Обвинителството во Тузла.
Тој беше уапсен во селото Горња Мравица откако полицијата го забележала во шумата, откако со денови беше во бегство.
- Во Обвинителството може да биде задржан и 24 часа. Ќе бидат разгледани сите околности и предлогот за мерка притвор, велат од Обвинителството за Босанските медиуми.
Селимовиќ е осомничен дека ја задавил сопругата која сакала да се разведе и го задушил нивниот 13-годишен син во нивниот стан во Калесија, по што побегнал со автомобил Шкода Фабија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа