(ФОТО) Претседателката се сретна со Вал: ОБСЕ ни помага во реформите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.

„На средбата беше потврдена важноста на долгорочната соработка со ОБСЕ за поддршка на македонските реформи во различни области предвидени во мандатот на организацијата, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка за активностите насочени кон зајакнување на соработката и воспоставување мир во регионот на ОБСЕ.

Претседателката изрази благодарност и за важната улога на ОБСЕ/ОДИХР во процесите поврзани со изборните реформи, особено во напорите за организирање слободни и фер избори, додавајќи вредност на легитимитетот, кредибилитетот и довербата на процесот“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

„Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка на ОБСЕ со македонските релевантни институции и со граѓанското општество која е динамична и продуктивна и изразија подготвеност за продолжување на соработката и во понатамошниот период во однос на прашања и предизвици поврзани со напредокот на нашата земја“, додаваат оттаму.

25.06.2024 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега