ФОТО: Селена Гомез позира без грам шминка
Селена Гомез е ретка убавица.
Во вторникот најследената жена на „Инстаграм“ сподели две селфија во сосема природно издание, без шминка, и ги воодушеви своите фанови.
30-годишната пејачка, актерка, дизајнер, а сега и претприемач, често позира во такви природни изданија.
Во описот на објавата покрај двете фотографии напиша Violet Chemistry, што всушност е наслов на песната на нејзината колешка и пријателка Мајли Сајрус.
Објавата за еден ден собра повеќе од 22 милиони лајка, а многу ѕвезди веднаш ја коментираа објавата со пофални зборови. Мајли Сајрус ѝ стави црвено срце, како и Мишел Фајфер, а многу други познати личности, како Парис Хилтон, Џесика Капшо, Суед Брукс, ѝ ставија емотикони и пораки во кои нагласуваат колку е убава.
„Еве ја во полн сјај“, коментира Брукс, а Кепшо напиша: „Убава“. Со нив се согласија и фановите на Селена, кои ја опсипаа со комплименти во илјадниците коментари.
Големиот број следачи на „Инстаграм“, приближно 400 милиони, делумно се должи на фактот што често споделува автентични фотографии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа