(ФОТО) Тешко повредени четворица малолетници: Се забиле во канделабра, па во бетонска жардињера
Рано утрово малолетник со „форд мондео“ удри во метална канделабра и бетонска жардињера на „Водњанска“.
- На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „Мајка Тереза", со ул. „Тодор Александров" и ул. „Белградска" патничко моторно возило „форд мондео" со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, велат од МВР за Курир.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември" и Комплексот клиники „Мајка Тереза".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа