(ФОТО) Тошковски: Денеска запленети се над 150 килограми марихуана
Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните, рече Тошковски.
„Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал.
Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани, посочи во објавата Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа