Функционери на СДСМ на своите фејсбук-профили објавија фотографии со македонското знаме
По синоќешниот инцидент на прославата на Денот на албанското знаме во центарот на Скопје, кога граѓани го искинаа националното знаме, од утрово пратеници и функционери на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на своите профили на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии со македонското знаме, како иницијатива за оддавање чест на македонското знаме како државен симбол.
Истото го направија и неодамна избраните потпретседателки на партијата, Каја Шукова и Кристина Косотова, како и пратениците Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јована Тренчевска. Тие нивните профилни и заднински фотографии на Фејсбук ги заменија со фотографии со македонското знаме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа