Гази Баба: Жена го претепала сопругот, го удирала со тврд предмет
Вчера во 01.30 часот во СВР Скопје, 29-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 28–годишна сопруга од Скопје, која употребила и тврд предмет, извести МВР.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
08.08.2024 - 17:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа