Мицкоски: Очекувам Македонија да е меѓу првите земји кои ќе добијат договор за слободна трговија со САД

 

Очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со САД. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

- Можам да кажам дека Тимчо Муцунски е помеѓу седум министри за надворешни работи од Европа кои што на билатерално ниво беа примени од страна на државниот секретар Марко Рубио во Стејт Департментот во САД, средбата траела околу 45 минути на која што уште еднаш беше истакната стратешката соработка и значајот на стратешката соработка помеѓу двете земји. Досегашната, исклучителна соработка со администрацијата на претседателот Трамп и очекувањата за во иднина. Околу тие очекувања јас не би сакал многу да зборувам. Сакам да се случат а потоа да коментираме. Моите оичекувања се позитивни и како резултат ос средбата со господинот Грир, но и моите телефонски разговори што ги имав со државниот секретар за економија, Хауард Латник, така што очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добијат таков тип на договор со САД, вели Мицкоски.

02.06.2025 - 11:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега