Германија „преживеа“ во Минхен
Германија успеа да се извлече против Унгарија и со реми да помине групната фаза од Европското првенство. Натпреварот заврши 2-2, а со ист резултат заврши и дербите меѓу Франција и Португалија.
Унгарците на два пати имаа водство и беа многу блиску до пласман во нокаут фазата, но сепак Леон Горецка со голот во 84. минута беше херој за „панцирите“.
Во натпреварот Франција – Португалија водството го донесе Роналдо, а до полувремето Карим Бензема израмни на 1-1 од белата точка.
Истиот фудбалер 47. минута донесе водство од 2-1 за „галските петли“, додека конечните 2-2 ги постави Кристијано Роналдо повторно од пенал во 60. минута. Со овој гол Роналдо се израмни на вечната листа со Иранецот Али Даеи со 109 репрезентативни гола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа