Ги има само 2% од популацијата: Зелените очи се најретки, но „кријат“ и голем здравствен ризик
Зелените очи имаат склоност да варираат во својата боја, во зависност од расположението, времето, но исто така и облеката која што ја носат луѓето кои што ги поседуваат.
Само два отсто од луѓето во светот имаат зелени очи, од нив повеќето се жени отколку мажи, а најмногу од нив живеат во Европа.
Луѓето со зелени очи се посебни по многу работи, а тоа го потврдиле и експертите. Тие сметаат дека луѓето со таква боја на очите се многу ранливи, верни во пријателството и љубовта, чесни се и секогаш ги одржуваат своите ветувања. Исто така тие се многу харизматични и изгледаат помладо од годините.
Зелената боја на очи може да варира (потемна/посветла) во зависност од расположението на човекот, времето, но исто така и облеката која што човекот со такви очи ја носи.
Во една интернет анкета повеќе од 20 отсто од испитаниците кажале дека луѓето со зелени очи се најпривлечни, 16.9 проценти им дале предност на оние со светлосини очи, 16 проценти на очите боја лешник, 15.2 проценти гласале за темносините очи.
Можеби тие луѓе се најпривлечни и најубави, но тие со себе носат и одредени здравствени ризици.
Сините и зелените очи содржат помалку пигмент кој што штити од ултра-виолетовото зрачење, па таквите луѓе имаат поголем ризик од појава на меланом.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа