Ги надминаа Мадона и Бритни: Страствен бакнеж на две инфлуенсерки во провидни фустани на Фестивалот во Венеција

 

Две инфлуенсерки ја оставија публиката на Фестивалот во Венеција без зборови, за која подготвија страствен бакнеж на црвениот тепих.

Мила Суарез и Елиса де Паникис успеале да ја вжештат атмосферата на филмскиот фестивал во Венеција, кога се бакнале пред камерите.

Двете инфлуенсерки се појавија во раскошни тоалети на премиерата на италијанскиот филм „Le sorelle Macaluso“ (Сестрите Макалусо) на Ема Данте. Пред проекцијата на филмот, тие подготвија сцена за помнење за посетителите.

Тие во никој случај не се славни како Мадона и Бритни, но јавноста сепак го спореди нивниот бакнеж со славниот момент од 2003 година, кога се бакнаа Бритни Спирс и Мадона.

Кои се девојките кои кренаа толку прашина во Венеција?

Мила Суарез е модел кој се стекна со слава во Италија учествувајќи во реалното шоу „Големиот брат“. Таа има мароканско потекло.

На Мостра, таа носеше провиден фустан од италијанскиот дизајнер Салвадор Папачена.

Убавицата што ја бакна Мила е италијанската манекенка Елиса де Паникис Анџели, која стана светски позната кога се забавуваше со фудбалерот Кристијано Роналдо. Нејзиниот црн фустан со пердуви е дело на албанска дизајнерка од Косово – Албина Диле.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Venice Film Festival 77’ edizione @albinadylaofficial dress @lentivillasco1963 jewels @palazzinagrassi

A post shared by (@elisadepanicis) on Sep 9, 2020 at 2:02pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега