Го консумирал и големиот Марк Твен: 4 состојки за напиток на база на виски кој ќе ви ги згрее коските и опушти мускулите
Овој коктел ќе ви ги згрее коските и ќе ви ги опушти мускулите, а најдобро е полека да го испиете пред спиење. Тоа го правел познатиот американски книжевник Марк Твен, секоја вечер пред да си легне во кревет.
„Hot Toddy“ е вкусен и едноставен зимски коктел кој што е исклучително популарен во Америка, но и во Ирска каде што го нарекуваат „жешко виски“.
Основниот рецепт се состои само од 4 состојки - врела вода, виски, мед и лимон, но во него може да додадете и разни зачини - како ѓумбир, каранфилче или пак цимет.
Овој коктел ги загрева коските и ги опушта вашите мускули, па најдобро е да го пиете пред спиење.
За неговата подготовка не треба да имате ниту шејкер ниту пак многу време.
Состојки:
- 180 милилитри топла вода;
- 45 милилитри виски;
- 2-3 лажици мед;
- 2-3 лажици лимонов сок;
- едно парче лимон за декорација;
- 1 стапче цимет за послужување (по желба).
Подготовка:
1. Загрејте ја водата, а потоа ставете ја во поголема шолја.
2. Во врелата вода додадете го вискито, медот и лимоновиот сок, па помешајте.
3. Послужете со стапче цимет по желба и парче лимон.
Наздравје!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа