Голема трагедија: Македонскиот модел почина на само 27 години

 

Смртта на младиот манекен Филип Алексовски кој почина на само 27 години ја потресе јавноста. На први октомври Алексовски требало да наполни 28 години.

Веста за неговата смрт ја потврди и Алек Наумовски, првиот човек на македонската модна агенција „Модел Ин“ каде Алексовски долги години градеше кариеше.

-Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години – изјави Алек Наумовски од Модел Ин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Filip Aleksovski (@aleksovskifilip)

14.09.2021 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега