Гутереш ги повика израелските сили на воздржаност на Западниот Брег
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ги повика израелските безбедносни сили да покажат максимална воздржаност на окупираниот Западен Брег, каде што започнаа голема воена операција во Џенин.
Најмалку девет Палестинци загинаа, а најмалку 40 се ранети во операцијата денеска, соопштија палестинските здравствени власти, додека кревкиот прекин на огнот со Хамас на другата палестинска територија, Појасот Газа, влезе во третиот ден.
-Длабоко загрижен поради насилството на Западниот Брег, особено големата воена операција во Џенин, Антонио Гутереш ги повикува безбедносните сили да покажат максимална воздржаност и да користат смртоносна сила само кога е апсолутно неопходно за да се заштитат животите, рече заменик-портпаролот на ОН, Фархан Кан .
Прекинот на огнот со исламистичкиот Хамас не се однесува на Западниот Брег, каде рациите на израелските сили се речиси секојдневни и често прераснуваат во вооружени судири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа