„Хајнекен“ ги зголеми цените, му пораснаа и приходите
Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) објави прелиминарен раст на заработката во првиот квартал благодарение на повисоките цени, кои го надоместија помалиот обем на продажба.
Приходите беа поддржани од повисоките цени на пивото и преориентирањето на некои потрошувачи на поскапи производи. Меѓу позитивните фактори компанијата ја издвојува конверзијата на валутата, пред сè, мексиканскиот пезос и бразилскиот реал.
Обемот на органска продажба е намален три отсто, на 54,8 милиони хектолитри, покажува деловниот извештај. Миксот на цени на пазарите каде што компанијата работи повеќе од една година покажува раст од 14,4 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа