Хаос во албанскиот Парламент: Пратеник се обиде да го нападне министерот за внатрешни работи

 


Опозицијата го блокираше Парламентот во Албанија.

Во еден момент од судирот бил забележан пратеникот на ПД Петрит Дода како го искорнал микрофонот и се обидел да го удри министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

Службениците за ред и мир излегоа и на говорницата и се обидоа да ја смират ситуацијата, по што седницата продолжи со уште една пресметка меѓу министерот Таулант Бала и пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока.

 

Нока беше исфрлен од седницата од страна на спикерката Елиса Спиропали, откако се обиде да го удри Бала. Тој бил сопрен од редарите додека фрлал шише кон Бала, пренесуваат албанските медиуми.

13.02.2025 - 16:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега