Хорор во Хрватска: Маж го ископал гробот на татко му, а внатре тврди дека имало друго тело

Марко Дујмовиќ од Хрватска цели 15 години се обидува да открие кој е човекот пронајден во гробот на неговиот татко.

Тој одбива да се направи ДНК тест, бидејќи не верува во резултатите.

Ексхумираното тело е на крупен маж од 120, 130 килограми, завиткан во шаторско крило, со дебели волнени чорапи на нозете. Неговиот татко, слаб човек од околу педесет килограми, бил закопан во сандак со кожени чевли. Има дури и фотографии од погребот, пренесува „Индекс“.

Марко повеќе од десет години се обидува да открие кој е човекот што го нашле во гробот. За емисијата „Проверено“, Нова ТВ тврди дека неговиот татко не исчезнал, туку бил донесен на гробишта и погребан.

„Не му го посакувам ова на никого. Но, јас сакам само правда. Ме направија будала дека не знам каде сум го закопал татко ми, каде ја погребав мајка ми, дека местата се смениле. Татко ми не исчезна. Почина во куќата на Јове Заставниковиќ каде што бев јас, па го донесоа на гробишта и го погребаа“, вели Марко Дујмовиќ.

Бесен е и внукот на Марко, Горан Дујмовиќ. Се прашува како никој не знае што се случило.

„Ја прашувам хрватската јавност и хрватските институции – чие тело е тоа?“, прашува Горан.

„Знам во што го закопав дедо ми. Не го закопав во шаторското крило“ изјави за „Провјерено“ внукот Горан.

31.10.2023 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега