Хороскоп за летово: Кои датуми треба да ги запаметите?
Во текот на јуни ќе бидеме под влијание на многу планети, а ретрограден Меркур ќе трае до 3 јуни. Дури по тој период ќе можеме повторно да се посветиме на оние животни аспекти кои нè збунуваа и на кои не можевме да се фокусираме.
Исто така, треба да бидете внимателни со пристапот до финансии и ресурси. Почнувајќи од 13 јуни, Меркур ќе премине во знакот на Близнаци. Од почетокот на јуни и Сонцето ќе биде во овој знак што ќе донесе време во кое ќе има доста енергија и активности.
Астролозите советуваат да се отворите кон нови можности и предизвици.
Од денес пристигнува млада Месечина во Близнаци и ќе има влијание на нашите животи. Близнаците се хороскоп знак кој копнее за комуникација, информации и авантура, така што сите ќе ги почувствуваат овие потреби.
Ќе бидеме поттикнати да се изразиме, да излеземе од нашата комфор зона и да се поврземе со други луѓе.
Од 21 јуни Сонцето ќе премине во знакот на Рак. Овој настан официјално ќе го обележи летниот солистициум. Астролозите советуваат во тој период да се свртите кон емотивниот живот, проценете ја вашата стабилност и сигурност. Планирајте ја иднината.
Планетата на љубовта, Венера, ќе продолжи да ротира во знакот на Бик од 28 мај до 22 јуни. Тоа на многумина ќе им донесе страст и романса. Астролозите велат дека љубовта што ќе ја најдете во тој период има шанси да трае засекогаш. Венера ќе влијае и на будењето на нашите таленти, а финансиските услови исто така ќе бидат позитивни.
Млада Месечина во Рак ќе настапи на 28 јуни и во тоа време ќе има услови за промени и нови работи. Младата Месечина секогаш отвора нова врата во нашите живот.
Во текот на транзитот на Јупитер низ знакот на Овен, посебно до 28 јули, може да очекуваме многу зовриени страсти, импулсивни одлуки и реакции.
извор: kajgana
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа