Илда во важен момент со емотивна изјава за Шабан Шаулиќ: Се надевам дека е горд на мене
Илда Шаулиќ, ќерката на покојната легенда на фолк музиката Шабан Шаулиќ, која дојде во придружба на нејзината мајка Гордана и сопругот Бојан Вучковиќ, присуствуваше и на традиционалната церемонија на доделување на наградите СЕМУС за најистакнатите поп-музички уметници во Србија.
Имено, Илда не само што гостуваше, туку стана и добитник на престижната награда за истакнат уметник, а пред камерата на ПИНК призна дека е горда на себе, но и дека се надева дека и нејзиниот татко е горд на неа.
-Прекрасно се чувствувам. Многу сум почестена и, што да ви кажам, кога видов во салата има луѓе кои се музички легенди, за мене беше привилегија да бидам овде денес и да добијам такво прекрасно признание. Единствено што реков на крајот, секако, е дека ми недостига татко ми, но верувам дека сето ова го следи од некаде и се надевам дека е горд на мене, истакна Илда и додава:
„Тоа е феноменално чувство, навистина, искрено! Ова е одговорност за иднината, да се работи што повеќе и што е можно подобро и ќе ми биде драго да го оправдам овој прекрасен статус, кој стана сон на секој музичар“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа