Илјадници возачи заглавени во Франција поради снег, има и несреќи на автопатите

Илјадници возачи утринава останаа заглавени на патиштата околу Париз поради снегот, а на патот А13 се случија неколку сообраќајни несреќи.

Патот N118 беше затворен неколку часа поради снег, објави BFMTV.

Снегот што синоќа падна во парискиот регион предизвика значителни прекини во сообраќајот југозападно од Париз.

Францускиот министер за транспорт Клеман Бон преку социјалните мрежи повика на „најголема претпазливост“ и изјави дека е мобилизирана сета механизација за расчистување на снегот.

09.01.2024 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега