Инцидент на Бит Пазар
Драма се одвивала во угостителски објект во Бит Пазар кога младо момче било нападнато од неколку лица.
Според МВР, 25-годишниот Р.А. од селото Арачиново, скопско, пријавил дека околу 18 часот и 20 минути на 09. Февруари, во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од А.Б. од Арачиново, К.И. од Сингелиќ, скопско и уште три лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
11.02.2025 - 09:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа