Иран бара Израел да биде исклучен од Обединетите Нации
Во обраќањето на одбележувањето на 45годишнината од Исламската револуција, иранскиот претседател Ебрахим Раиси, повика Израел да биде исклучен од Обединетите Нации.
„Она што се случува денес во Газа е злосторство против човештвото, а поддржувачи на овој криминален режим се САД и некои западни земји“ - рече тој за време на неговиот говор пред илјадниците луѓе собрани на плоштадот Азади во главниот град.
Иранскиот претседател го обвини Израел дека прекршил 400 декларации, резолуции и договори постигнати во рамките на меѓународните организации.
11.02.2024 - 14:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа