Истражување кое го финансирала фондацијата на Гејтс: Како вакцините против Ковид-19 влијаат на менталното здравје на човекот?

 

Вакцините против Ковид-19 позитивно влијаат на менталното здравје на имунизираните Американци, дури и по првата доза, објавил Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Истражувањето кое го финансирала фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс било спроведено на околу 8.000 Американци.

„Вакцинацијата може да го подобри квалитетот на животот, резултатите на работа, да им овозможи на луѓето да продолжат со своите вообичаени активности, да се вратат во канцелариите или пак да се вработат“, изјавила научниците.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести објавил дека „епидемиолошките мерки, како физичка дистанца се неопходни во сузбивање на пандемијата, но и дека „кај луѓето создаваат чувство на изолација и осаменост и можат да предизвикаат стрес и анксиозност“.

Вакцинацијата може да ги спречи тие штетни последици, вклучувајќи го и недостатокот на интимни контакти за кои експертот од Сорбона Луиз Кириш и колега од Универзитетот во Лондон вели дека е „поврзан со зголемена анксиозност и осаменост“.

Студијата на Кириш спроведена во текот на карантинот минатата година, укажува на важната улога на интерперсоналните и интимните контакти во стресни времиња.

„Интимните, спроти пријателските и професионални контакти биле најмалку скратени во пандемијата, но токму тие вторите се покажале како најважни за психолошкото здравје“, напишано е во студијата.

09.09.2021 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега