Италија е вториот полуфиналист
Шпанија и Италија ќе се соочат во полуфиналето од Европското првенство, откако Италија со 2-1 ја совлада Белгија во Минхен.
Најголемите возбудувања се случија во првото полувреме кои почнаа со поништениот гол на Бонучи во 13 минута.
Во 31 Италијанците конечно дојдоа до водство преку Барела, водство кое во 44 минута Инсиње го зголеми со мајсторијата за која одговор немаше ниту Куртоа. Тука не беше крајот на возбудувањата во првото полувреме затоа што беше досуден пенал при еден пробив на Доку, пенал кој го реализираше Лукаку.
Второто полувреме беше помирно, немаше толку шанси, немаше промени на резултатот, па така четата на Роберто Манчини закажа полуфинале против Шпанија на „Вембли“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа