Изгаснат е пожарот во Старо Нагоричане

Изгаснат е пожарот во општина Старо Нагоричане кој зафати нискостеблеста шума и површина помеѓу селата Челопек и Алгуња, соопштија од Центарот за управување со кризи и од ТППЕ Старо Нагоричане.

- Комплетно е изгаснат пожарот кој се случи помеѓу селата Челопек и Алгуња околу пладне денеска. Извршена е контрола на локациите. Зафатена е површина од над 60 хектари, претежно нискостеблеста шума, вегетација, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски.

На пожарот денеска интервенираа 30 припадници на Армијата, пожарникари од Старо Нагоричане, екипа од „Национални Шуми“, утрово пожарот го гасеше и хеликоптер на МВР. Во текот на вчерашниот ден на терен беа припадници на противпожарните единици на Старо Нагоричане и Куманово, на „Национални Шуми“, мештани. 

23.07.2024 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега