Изгубете 7 килограми за 14 дена: Диета со краставици која ќе ве преполови

 

Диетата со краставици е идеална за сите оние кои немаат многу време за размислување што ќе јадат следно.

Самата диета се спроведува 10 дена, но постои и продолжена варијанта од 14 дена во кои се очекува да ослабете до 7 килограми.

Логично, основа на оваа диета е салатата од краставица која може да ја консумирате кога и да почувствувате глад. Само никако не смеете да користите преливи и многу зачини.

Останати намирници кои смее да ги јадете во текот на денот:

2 варени јајца или 150g туна исцедена од маслото или 150g печено бело месо

2 големи варени компири и 3 парчиња интегрален леб

500g свежо овошје

Од течностите дозволени се обичната вода, незасладениот чај и кафето без шеќер. Она што е забрането е алкохол, газирани пијалаци и десерти.

Со секој оброк или како меѓуоброк може да консумирате салата од чиста краставица или шејк.

Како се прави салатата од краставица?

Потребни ви се 400g краставица и 2dl кисело млеко или јогурт. По желба може да додадете сол и лук.

Како се прави шејк од краставица?

Во блендер ставете 1 краставица со кора, неколку листови добро измиен спанаќ и 1 јаболка. По желба додадете ѓумбир. Добро измешајте, ставете во чаша и пијте постепено.

Пример за дневно мени

Појадок – 2 тврдо варени јајца и салата од краставица

Ужина – 5 сливи, 1 јаболка, праска или некое друго сезонско овошје со вкупна тежина од 200g

Ручек – интегрален леб на тост и чинија салата од краставица

Ужина – шејк од краставици

Вечера – овошје по избор, не повеќе од 300g

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега