Извршени распит и претрес на Сашо Дранго, се вештачи и мобилниот телефон

 


Во рамките на постапката во Основното јавно обвинителство Битола се преземаат дејства во предистражна постапка за случајот со пријавениот Сашо Дранго.

„Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи, од кои по некои сè уште се постапува. Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. По завршување на сите дејства, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, посочија од Јавното обвинителство.

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.

Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откога пред речиси два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка.

05.03.2025 - 13:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега