Ја помина ноќта во болница, кралицата ќе мора да се одмори
На британската кралица Елизабета и препорачале да одмора најмалку во следните две недели, да избегнува официјални посети и во тоа време да врши само лесни задолженија во својата работна соба, соопштија претставници на палатата.
Кралицата Елизабета (95) нема да присуствува на фестивалот на сеќавање закажан за 13 ноември, но има цврста намера да биде присутна на националната служба за сеќавање на воените ветерани на 14 ноември, додаваат од палатата, објави Ројтерс.
Таа ја помина ноќта во болница минатата недела поради неодредена болест која не е поврзана со Ковид-19.
30.10.2021 - 13:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа