Јашари има македонско државјанство - Го следи Агенцијата за национална безбедност
Абдул Јашари или Абу Катада Албани кој стана министер во Сирија, има македонско државјанство, а бил дел од истрага за неколку предмети.
Институциите, меѓу кои Агенцијата за национална безбедност, и натаму ги следи сите активности поврзани со него, а по неговото заминување во 2012 година од територијата на Македонија, пренесува Скопје 1.
- „Ги следиме активностите на лицето, во рамки на надлежностите на Агенцијата“, велат од АНБ.
И МВР работи на предмети за него, но се во предистрага, па не можат да споделат детали: - „Ве информираме дека лицето за кое прашувате има македонско државјанство“, велат од МВР за Скопје 1.
Претходно, Телма јави дека тој во Македонија бил дел од истрагата за масакрот кај Смилковско Езеро во 2012 година. Според Телма, заштитен сведок го познал Јашари, но никогаш не бил најден на адреса.
Тој е Албанец роден во Скопје, во населбата Чаир на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Албани претходно беше лидер на Фронтот Ал Нусра, што доведе до тоа да се најде на црната листа на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа