Каевски: Блокадата на Собранието ги чини граѓаните околу 55.000 евра на ден

 

Собранието е нефункционално бидејќи опозицијата го блокира, вели за Детектор пратеникот на СДСМ Дарко Каевски. Тој објаснува дека една седница чини 55.000 евра и секое блокирање од страна на опозицијата е на трошок на граѓаните.

„Имаше долг период нефункционално Собрание бидејќи се почитуваат тесно партиските интереси затоа што некој таму на Извршен комитет во ВМРО-ДПМНЕ одлучил дека треба да го направи Собранието нефункционално со долги дебати, со непојавување со Собранието на седници доколку владејачкото мнозинство нема 61 и се тоа придонесува првенствено да се намали перцепцијата за квалитетот на Собранието и да се девалвира функцијата пратеник. Опозицијата континуирано тоа го прави и тоа го видовме сега при разрешувањето на министри во Владата каде што си реплицираат, си контрареплицираат.

Организирањето на една седница граѓаните ги чини околу 55.000 евра. И замислете некој одлучил дека треба да има расправа со денови која порано траела 1 ден. Наместо 1 ден, сега расправа 10 дена и тоа се половина милион евра непотребно потрошени пари“ вели Каевски за Детектор.

26.02.2023 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега