Каевски: ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за да гради споменици – ние парите ги трошиме за мерки за граѓаните

 

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за да гради споменици а СДСМ се задолжува за пакети мерки за граѓаните, вели за Детектор Дарко Каевски од СДСМ. Тој додава дека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ немало кризи и дека владата на Груевски била многу покомотна. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо што според него можело да се види и по работата на градоначалниците од оваа партија.

„Факт е дека во тие 10 години кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт немавме апсолутно големи кризи како што имаме сега. Ако направиме споредба за што се задолжувала власта тогаш ќе видиме дека најголемиот дел се споменици и жални врби. Сега задолжувањето конкретно е на пакети мерки кои што се директно наменети кон граѓаните. Во овие 4 години имавме 6 пакети на мерки кои што беа директно наменети кон граѓаните. Последната мерка беше 700 милиони евра за која Светска Банка вели дека се заштитени 60.000 работни места со навременото исплаќање на овие мерки кон граѓаните и кон стопанството“ – вели Каевски за Детектор.

26.02.2023 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега