Кајли Џенер ги разбесни медиумите и фановите: „Таа е многу себична“

 

Кајли Џенер беше мета на критики од медиумите кога ги повика своите 222 милиони обожаватели на стори на Инстаграм сподели да  помогнат на нејзиниот пријател и шминкер Самуел Риуд, кој имаше сериозна несреќа и му беа потребни 60.000 УСД за да се опорави по операцијата

Покрај објаснувањето на ситуацијата, на приказната имаше и линк за една страница, организирана од семејството на жртвата, на која фановите можеа да уплаќаат средства на неговата сметка. Токму нејзиниот потег ги разбесни медиумите ширум светот и голем број обожаватели на Кајли.

Тие се прашуваа, дали е можно милијардер (иако таа титула и беше одземена па сега е „тешка“ само 900 милиони долари), која заработува 19.000 долари на час, да покаже емпатија на овој начин?

- Кајли, ако можеше да и купиш торба од 15 000 на твојата тригодишна ќерка, зошто сега бараш од своите обожаватели да помогнат? Срамота! - се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Сепак, оваа приказна не завршува тука, бидејќи на таа страница можете да видите кој и колку пари донирал.

Според таа страница, Кајли платила само 5.000 долари, што уште повеќе ги разбесни нејзините обожаватели.

- Џенер даде само 5000 долари ? Па тоа е како да дадов 5 центи! Таа е многу себична - гласат коментарите.

На крајот, се огласи и самата Кајли, истакнувајќи дека повеќе нема контакт со Самуел, но дека има најголема желба да помогне.

- Повеќе немам лични контакти со Самуел, но видов најава од мојот шминкер Ариел. Веднаш му се јавив за да дознаам што се случува. Секој што ме познава знае дека правам сè од срце и дека само сакав да помогнам. Да останеме позитивни и да се молиме заедно за Сем и неговото семејство во овие тешки моменти - напишала Кајли на својот Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2021 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега