Камерите повторно ја уловија Кејт Мидлтон

 

Кејт Мидлтон наводно е забележана во Виндзор, само неколку дена откако таа и нејзиниот сопруг принцот Вилијам беа забележани на фармата Виндзор.

Како што пишува „Мирор“, локалните жители кои живеат во Виндзор потврдиле дека принцезата е жива и здрава.

Тие како што пренесуваат медиумите изјавиле дека парот често го гледаат во продавница.

„Тоа се еден куп глупости, шпекулации за Кејт Мидлтон, навистина се“, изјави за „Телеграф“ Ен Танер, која живее спроти продавницата.

„Живееме преку патот, тие (Кејт и Вилијам) влегуваат и излегуваат на задната врата, а Дејв (вратарот) ги пушта да влезат. Принцезата често доаѓа овде. Во неделата беа на тенис – мојата пријателка игра таму, а Кејт ги гледаше децата, тие се секогаш таму“, изјавила таа.

Друг локалец, Кевин Питерсен, напиша на мрежата Х: „Ги гледаме В&K (Вилијам и Кејт) повеќето денови, а исто така и последните неколку дена. Неверојатно е луѓето да бидат толку смешни и сурови пишувајќи глупости на оваа платформа кои се очигледни лаги“.

Шпекулациите околу Кејт се интензивираа во последните недели, и покрај тоа што Палатата објави дека принцезата ќе отсуствува од јавните обврски до Велигден.

22.03.2024 - 17:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега