Канје Вест законски си го промени името

Високиот суд во Лос Анџелес го одобри барањето на Канје Вест за промена на неговото име.

Познатиот рапер, продуцент и моден дизајнер пред неколку месеци поднесе барање за легална промена на своето име Канје Омари Вест во Је, без средно име и презиме.

Во барањето што го достави до судот во Лос Анџелес во август, Канје наведе дека неговата одлука е од лични причини, но не даде дополнителни информации во образложението.

Судијката Мишел Вилијамс во документите наведува „барањето за промена на името е одобрено бидејќи немаше приговори“.

Претходно, во своите објави на социјалните мрежи како и во неколку интервјуа, Канје откри дека Је е кратенка од неговото прво име кое го сака и е збор што често се користи во Библијата.

20.10.2021 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа