Ким Кардашијан во 12. сезона од „Американска хорор-приказна“
Ким Кардашијан ќе глуми во 12-та сезона на ТВ-серијата „Американска хорор-приказна“ (American Horror Story, AHS). Ова за „Холивуд репортер“ го потврди режисерот Рајан Марфи.
– Ким е една од најголемите ѕвезди на телевизијата. Возбудени сме што можеме да ѝ посакаме добредојде. Возбудени сме што работиме заедно, а Ким има посебна улога на ум… Оваа сезона е сосема поинаква од сѐ што сме правеле досега, изјави Марфи.
Ким на Инстаграм објави трејлер за серијата со морничава музика и натпис: „AHS12. Ема Робертс и Ким Кардашијан се нежни. Ова лето“.
Обожавателите коментираат дека се изненадени што таа ќе глуми во серијата, но и оти едвај чекаат да видат како тоа ќе изгледа. Ѕвездата од реалните шоуа и Марфи, според наводите, разговарале за соработка уште минатото лето, но сите подробности засега се чуваат во тајност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа