Ким Кардашијан во врска со НФЛ ѕвезда, Одел Бекам

Американските медиуми објавија дека Ким Кардашијан и НФЛ ѕвездата Одел Бекам Џуниор во романтична врска.

Изворот изјавил дека двајцата во последно време се неразделни и дека во овој момент не може да открие дополнителни информации. Ким и Одел се уште не се изјасниле за овие наводи.

Инаку, папараците го фотографираа Одел со Клои Кардашијан пред неколку години. Сепак, таа набрзо ги демантираше гласините за запознавање.

Ким има четири деца со Канје Вест: ќерката Норт и Чикаго и синовите Псалм и Сент. Одел го има синот Зидн со поранешната девојка Лорен Вуд.

11.09.2023 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега