Кина го крие почетокот на новата пандемија, болниците се полни со инфицирани деца

 

Во Кина се повеќе деца страдаат од респираторни проблеми, СЗО побара објаснување за ваквата состојба.

Поради тоа што првичните вести за коронавирусот од Кина беа нејасни и мистериозни и никој не можеше да претпостави дека ќе дојде до пандемија, веста дека вирусот што ги напаѓа белите дробови се појави во Кина одекна како бомба.

Во исто време, мистериозна респираторна болест ги убива кучињата во Америка, пишува Блиц.

Заболените деца во Кина имаат необични симптоми кои вклучуваат пневмонија и висока температура, но немаат кашлица или други симптоми кои обично се поврзуваат со болеста, грип и други респираторни заболувања, јавуваат светските медиуми.

Сега сите се прашуваат дали Кина прикрива нова епидемија, бидејќи истата земја е жестоко критикувана за прикривањето на епидемијата на птичји грип (САРС) во 2002 година и пандемијата на Ковид на крајот на 2019 година, според „Србија Данас“.

СЗО побарала објаснување од официјален Пекинг за овие нови случаи на ширење на инфекцијата кај децата, а наводно им било кажано дека причината за болеста може да биде поврзана со „микоплазма пневмонија“.

САД и Велика Британија, исто така, забележаа скокови на болести како што се респираторни вирусни инфекции и грип по укинувањето на правилата за пандемијата. Светската здравствена организација сепак побара од Кина повеќе информации.

Во северна Кина, забележано е зголемување на случаите со симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години.

Во исто време, стотици кучиња во пет американски сојузни држави, Колорадо, Род Ајленд, Орегон, Њу Хемпшир и Масачусетс се заразиле со непозната респираторна болест која експертите се обидуваат да ја разберат.

Многу малку се знае за болеста, но ветеринарите велат дека таа обично започнува со кашлица која може да трае со недели, а потоа преминува во пневмонија и тежок респираторен дистрес синдром.

Се чини дека болеста не реагира на антибиотици, а во акутни случаи на пневмонија, смртните случаи се случуваат за само 24 до 36 часа, според Ветеринарното медицинско здружение на Орегон, кое добило повеќе од 200 извештаи за потенцијални случаи.

„Не знаеме што го предизвикува и не можеме со сигурност да кажеме како се пренесува“, изјави за „Вашингтон пост“ Линдзи Ганзер, ветеринар и сопственичка на ветеринарниот центар за упатување Норт Спрингс во Колорадо.

Не треба да заборавиме дека експертите веќе подолго време предупредуваат за зоонози. Станува збор за заразни болести предизвикани од бактерии, вируси, габи и паразити, кои се пренесуваат од животните на луѓето.

27.11.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега