Кина: Отворени сме за воени преговори со САД

 

Кина е отворена за воена комуникација со Соединетите Американски Држави, изјави кинескиот министер за одбрана Донг Јун денес на азискиот самит во Сингапур.

„Секогаш сме биле отворени за размена и соработка, но тоа бара двете страни да излезат во пресрет една на друга на половина пат“, кажа Донг кој вчера се сретна со американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

„Веруваме дека ни треба поголема размена токму затоа што постојат разлики меѓу нашите две војски“, додаде кинескиот министер.

Двајцата воени функционери разговарале вчера повеќе од еден час во хотелот во кој се одржува безбедносниот самит на кој учествуваат воени претставници од целиот свет.

По состанокот Остин кажа дека телефонските разговори меѓу американските и кинеските воени команданти ќе продолжат во следните месеци.

Пекинг, пак, ја поздрави стабилизацијата на односите меѓу двете земји.

02.06.2024 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега