Ќе си печатиме материјали и после образованието било бесплатно - Ампева „распали“ по надлежните
Активистката за работнички права и секогаш гласноговорничка за општествените аномалии Кристина Ампева „распали“ по надлежните бидејќи нема учебници за трето и шесто одделение, а нејзините две деца се токму таму.
- Таквите ко мене со деца во трето и шесто одделение ќе си печатат материјали по сите предмети за две одделенија. Министерот за НЕ образование нек чека тендер на кој да даде за печатење на учебници. И после образованието било бесплатно, па реформи, па оно све неписмено ќе остане. Мижи Митро тулумби паѓат. Така ти е кога клучните министерства ги делат по партиски клуч на амеби, напиша таа на фејсбук очигледно револтирана од стариот проблем во новата учебна година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа