Ќерката на Трамп „уловена“ во непријатна ситуација- сите гледаа во нејзината рака (ФОТО)

 

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани (27), која ја има од бракот со Марла Мејплс, американска водителка и актерка, малку се опуштила во Мајами, каде во моментот престојува со својот свршеник Мајкл Болос и семејството.

Тифани била во хотелот и на момент излегла на тераса, а папараците ја „уловиле“ со отпушок и запалка во раката. Покрај тоа, на нејзината рака блескал свршенички прстен, чија вредност е проценета на 1,2 милиони долари.

Тифани ја изгасила цигарата во теглата на хотелската тераса. Меѓутоа, бидејќи ќерката на Трамп никогаш не е видена со цигара во раката, странските медиуми пишуваат дека таа не пушела обична цигара.

Да ве потсетиме, нигерскиот мултимилионер Мајкл Булос неодамна ја запроси Тифани во градината на Белата куќа. Инаку, тој е наследник на нигерскиот конгломерат „Boulos Enterprises“, а живеел во Нигерија додека не ја запознал Тифани на Миконос во 2018 година, по што се преселил во Америка.

Самата Тифани се пофали со свршувачката, објавувајќи заедничка фотографија од Белата куќа, на која се гледа големиот прстен на нејзината рака.

„Ми беше чест да прославам многу пресвртници, историски прилики и да создадам спомени со семејството во Белата куќа“, напишала Тифани покрај фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега