Ќупева: Пред да им зборуваме на децата да провериме и ние колку време дневно поминуваме пред телефоните
Пред да им зборуваме на децата дека многу време поминуваат на телефоните, сами да провериме колку време ние поминуваме на нив, вели за Детектор професорката на Институтот за македонска литература, Тамара Ќупева.
Пред да го ставиме фокусот на младите можеби треба и ние да направиме проверка на оние алатки во телефоните кои што ќе ни покажат колку часови всушност сите ние дневно поминуваме онлајн. Од друга страна она што е таргетот и она што всушност треба да го подготви и ова општество и оваа наша средина и глобалниот свет се токму младите. И факт е дека не само што комуникација, начин на работа, начин дури на однесување со средината веќе се претвори во комуникација онлајн. Тоа одзема време и се разбира дека остава свои основни последици генерално на сите нивоа и на личноста и на пошироката заедница, вели Ќупева за Детектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа