Клуч на врата на три угостителски објекти во Тетово и Гостивар

 


Вчера во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.

23.03.2025 - 12:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега