Уште еден ужас во Македонија: Болничар допирал по телото малолетна практикантка
Уште еден хорор ја потресе Македонија. Полициски службеници од СВР Штип вчера во 17.05 часот го лишиле од слобода болничарот Т.Ј. (60) кој се сомничи дека на работното место во Клиничката болница - Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.
Како што информира СВР Штип, Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
25.03.2025 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа