Колегите се простуваат од него - почина познатиот американски актер и комичар

 

Американскиот актер и комичар Боб Сагет, познат по улогата на сакан самохран татко на Дени Танер во ситкомот „Полна куќа“ и како мудар водител на „Најсмешните домашни видеа во Америка“, почина на 66-годишна возраст, за време на стенд-ап турнеја.

Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот Риц-Карлтон во Орландо во неделата попладне и констатирала смрт на лице место, соопшти шерифот на округот Оринџ, наведувајќи дека не се пронајдени траги од дрога.

Сагет бил на Флорида како дел од турнејата каде што настапил во петокот и саботата. Тој се огласи на Инстаграм во саботата по топлиот прием од публиката.

– Се вратив во комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го пронаоѓам мојот нов глас и го сакам секој момент, напиша тој.

На социјалните мрежи од него се простуваат бројни колеги комичари и пријатели.

10.01.2022 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега